Дома Останати Тенис Крај на сагата: Ѓоковиќ ќе ја брани титулата на Австралија Опен!

Крај на сагата: Ѓоковиќ ќе ја брани титулата на Австралија Опен!

Како што дознава српскиот портал „24седам“ Новак Ѓоковиќ ќе игра на Австралија Опен!

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Првиот светски рекет добил дозвола и ќе биде на патот за Мелбурн каде што го чека голема борба. Во последниот период многу се шпекулира за тоа дали Ѓоковиќ ќе патува во Австралија.

Се најавуваше и дека нема да учествува на АТП купот за Србија, меѓутоа сега се се променило и постои голема можност Ѓоковиќ да игра и на турнирот во Сиднеј.

Нема дилеми дека Ѓоковиќ со голем мотив ќе патува во Мелбурн каде што ќе се обиде да ја одбрани титулата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Лина Ѓорческа ќе се бори за место на Ролан Гарос!

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, го потврди учеството на вториот гренслем т…