Дома Македонски спорт Мак ракомет Крај на една прекрасна приказна во „Јане Сандански“ – Вардарки супериорно до Ф4

Крај на една прекрасна приказна во „Јане Сандански“ – Вардарки супериорно до Ф4

Ракометарките на Вардар со убедливи 32:25 го победија Митјиланд и по петти пат се пласираа на фајнл-фор турнирот во Будимпешта.

ЖРК Вардар имаше предност од еден гол и од првиот меч во Данска, но денеска само ја потврди супериорноста пред својата публика која за последен пат дојде да го види Вардар во овој состав.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Натпреварот беше неизвесен само во почетните минути, како одминуваше времето Вардар се одлепуваше, на полувремето се заминува со предност од 17:12 за македонскиот тим, а во продолжение само го одржуваа водството и на крајот славеа со 32:25 за завршување на една прекрасна приказна во „Јане Сандански“.

Најдобра беше Андреа Лекиќ со седум постигнати голови, Пенезиќ даде пет погодоци, по четири реализираа Радичевиќ, Кузњецова и Лакрабер. Кај Митјиланд најефикасна беше Кристијансен со девет голови.

Вардарки сега ќе атакуваат на европската круна на фајнал-фор турнирот во Будимпешта кој се игра на 12 и 13 мај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…