Дома Топ вести Крај на една ера: Златан Ибрахимовиќ му кажа збогум на фудбалот

Крај на една ера: Златан Ибрахимовиќ му кажа збогум на фудбалот

Златан Ибрахимовиќ, напаѓачот на Милан и еден од најдобрите фудбалери на 21 век, на 42-годишна возраст ја заврши својата неверојатна кариера.

Таа информација стана позната по крајот на натпреварот помеѓу Милан и Верона во 38. коло од Серија А, а навивачите величествено се збогуваа со Ибра.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На трибините направија кореографија со порака „GodBye“, што е своевидна игра со зборови, бидејќи Ибрахимовиќ на кој никогаш не му недостигаше самодоверба често велеше дека е Бог.

Тоа остави силен впечаток на Златан, па камерите го снимија моментот кога го совладаа емоциите, и заплака.

Договорот со Росонерите, шведскиот фудбалер го имаше до крајот на оваа сезона, а Ибра одигра само 144 минути на теренот во четири настапи оваа година, но во исто време стана и најдобриот стрелец во историјата на Серија А во натпревар против Удинезе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн има план: Го сака Зидан за тренер, во Минхен може да се врати и клупската легенда!

Баерн Минхен е во потрага по нов тренер бидејќи Томас Тухел заминува на крајот од сезоната…