Дома Топ вести „Кралот“ руши рекорди: Реал го потпиша најбогатиот договор во историјата!

„Кралот“ руши рекорди: Реал го потпиша најбогатиот договор во историјата!

Реал Мадрид се наоѓа во голема криза на резултати и моментално е со привремен тренер, но комерцијалниот дел кај „кралевите“ работи беспрекорно.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Пример за тоа е новиот спортски договор кој го договори Реал Мадрид со германската компанија „Адидас“ кој ќе биде најбогат во историјата на фудбалот.

Имено, мега – договорот наскоро ќе биде потпишан, а тој изнесува неверојатни 1,1 милијарда евра. Договорот ќе биде со важност од десет години (2020-2030) и ќе биде најгоголем во историјата на фудбалот.

Исто така овој договор ќе направи дресот на Реал Мадрид да биде најскап во светот!

Со гарантирани 110 милиони евра годишно само од „Адидас“, со останатите спонзорски договори дресот на Реал Мадрид годишно ќе носи приходи од 180 милиони евра. Минатата година „кралевите“ потпишаа договор со „Флај Емерита“ на 70 милиони евра годишно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арбелоа: Јас сум виновен за тепачката меѓу Чуамени и Валверде

Алваро Арбелоа изјави дека ја презема одговорноста за инцидентот меѓу соиграчите Федерико …