Дома Фудбал Лига на шампиони „Кралевите“ на тежок испит: Ќе му гостуваат на Лајпциг без три ѕвезди

„Кралевите“ на тежок испит: Ќе му гостуваат на Лајпциг без три ѕвезди

Реал Мадрид вечерва гостува во Лајпциг во петтото коло од Лигата на шампиони, а тренерот Карло Анчелоти нема да смета на Карим Бензема, Лука Модриќ и Феде Валверде.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бензема и Валверде имаат повреди и затоа нема да бидат дел од тимот, а засега не е позната причината поради која Модриќ ќе има одмор за време на дуелот со Лајпциг.

Валверде се повреди во саботата на мечот против Севилја, а Бензема веќе некое време се мачи со болки во левата нога.

„Кралевите“ се први во групата Ф со 10 бодови и им треба само еден бод за да го обезбедат местото во следната фаза, по што Лајпциг следи со шест, Шахтјор има пет, а Селтик е последен со еден бод.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

ФИФА заборави на едно правило кое јасно покажува дека Хрватска била оштетена

Испаѓањето на Хрватска од Светското првенство по натпреварот против Португалија е главна т…