Во минатото често пати правевме текстови од типот: Кој би играл финале во ЛШ доколку ги немаше судиските грешки, а сега е време да направиме нешто спротивно: Кој би играл финале доколку оваа сезона не се користеше ВАР?
Во вториот дел од оваа сезона поточно од натпреварите во нокаут фазата УЕФА конечно се одлучи да ја воведе ВАР технологијата во Лигата на шампионите.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Многумина беа задоволни од таа одлука, а на крајот и на дело се покажа дека ВАР придонесува за праведно судење. Никој на крајот од натпреварите немаше за што да се жали, а во финалето се клубовите кои заслужија таму да се најдат.
Замислета ВАР да не беше воведен. Кој во сабота вечер би играл финале? Тотенхем сигурно не би играл, а на негово место би можеле да бидат Манчестер Сити, ПСЖ, можеби и Рома кој знае…
ПОРТО – РОМА
Уште во осминафиналето видовме квалитетна примена на ВАР технологијата. Порто и Рома и во двата натпревари беа изедначени и многумина очекуваа тука да решаваатп еналите, но тоа не се случи, а веројатно ќе се случеше во свет без ВАР. Сетете се на моментите од второто продолжение кога Флоренци повлече играч на Порто, судијата не покажа ништо, ВАР го корегираше и после прегледувањето на снимките ја смени одлуката и покажа пенал за домаќините. Ова се случи на три минути пред крајот, значи да немаше ВАР веројатно ќе се изведуваа пенали и Рома така повторно ќе играше против Ливерпул, овој пат во четвртфиналето.
https://youtu.be/5g0_JFsRBJE
ПСЖ – МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД
За норвешкиот тренер Оле Гунар Солскјер ова беше една од одлучувачките натпревари кога во прашање е останувањето или заминувањето од клупата на Јунајтед. Договорот тој си го обезбеди со победата во Париз. Јунајтед го изгуби првиот натпревар на „Олд Трафорд“ со 2:0, но во Париз славеше со 3:1 и се пласираше во следната фаза. Сепак, така немаше да биде доколку го немаше ВАР. Гостите од „Олд Трафорд“ водеа со 2:1 до пред самиот крај на натпреварот во Париз кога после ударот на Далот топката го погоди во рака Кимпембе и отиде во корнер. Доколку го немаше ВАР главниот судија Дамир Скомина ќе досудеше корнер, но после прегледувањето на снимките Словенецот покажа на белата точка, Рашфорд беше сигурен изведувач.
МАНЧЕСТЕР СИТИ – ТОТЕНХЕМ
Манчестер Сити и Тотенхем на „Етихад“ го одиграа еден од најдобрите натпревари во историјата на Лигата на шампионите. Гостите дојдоа во Манчестер со гол предност од првиот натпревар, но нивната предност се стопи после само неколку минути. Тогаш започна вистинска голеада во самиот финиш и Сити водеше со 4:3. Тогаш Стерлинг погодува за 5:3 во последните секунди, резултат кој го водеше Сити во следната фаза. Меѓутоа неколку моменти подоцна судијата го поништува голот после прегледувањето на ВАР снимките поради офсајд позиција.
https://youtu.be/Ch7nYrXtUZA
Да го немаше ВАР многу работи ќе беа поинаку, но денес го има и во сабота во финалето ќе играат Ливерпул и Тотенхем.