Серхио Агуеро на крајот од сезоната ќе го напушти Манчестер Сити па затоа Пеп Гвардиола ќе мора да најде ново решение за нападот.
Заминувањето на играч како Агуеро секако е удар за клубот затоа што тој постигна 256 гола на 379 натпревари и е најдобар стрелец во историјата на клубот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Прва мета на Гвардиола е Ерлинг Халанд, кој блеска во Борусија Дортмунд. 20-годишниот Норвежанец ова лето ќе ја промени средината, но конкуренцијата за неговиот потпис е жестока.
Втора опција е Хари Кејн, кој истакна дека е спремен да го напушти Тотенхем бидејќи сака да игра во тим кој што ќе освојува трофеи. Но „спарси“ за неговата слобода бараат 140 милиони евра, па тоа може да биде проблем.
Трета опција е Ромелу Лукаку од Интер. Белгиецот има големо искуство во Премиер лигата, а моментално игра во животна форма.