Струга Трим Лум сезонава ја освои својата прва историска титула во ПМФЛ, имаа прилика стружани и за купот, но во финалето беа поразени на пенали од Македонија Ѓорче Петров.
Веднаш по завршувањето на обврските фудбалерите на Струга заминаа одмор кој ќе трае до 5-ти јуни, а тогаш започнуваа подготовките за летните квалификации.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Европските квалификации Струга ги започнува од првото квалификациско коло за Лигата на шампионите, но таму ќе ја чека силен ривал. Познати се скоро сите можни противници на македонскиот шампион, единствено се чекаат шампионите во Труција.
Можните противници на Струга се:
Галатасарај/Фенербахче/Бешикташ (Турција), Ференцварош (Унгарија), Карабах (Азербејџан), Слован Братислава (Словачка), Шериф (Молдавија), БАТЕ Борисов (Белорусија), Астана (Казахстан), Макаби Хаифа (Израел), Лудогорец/ЦСКА Софија (Бугарија), Жалгирис (Литванија), Хелсинки (Финска), Флора Талин (Естонија), Шамрок (Ирска), Њу Сејнтс (Велс), Олимпија (Словенија), Зрински (БИХ).
Ако Струга биде поразена продолжува во второто квалификациско коло за Лигата на Европа, а ако биде таму поразена оди во квалификациите за Конференциската лига. Според тоа јасно дека македонскиот претставник го чекаат најмалку шест европски натпревари.