За Светското првенство Русија кое ќе започне на 14 јуни пријавени се 736 фудбалери од нив скоро една третина доаѓа од Англија и Шпанија.
Од фудбалерите кои ќе патуваат во Русија 130 фудбалери и граат во Англија од кои 107 не се Англијчани, додека во Шпанија настапуваат 84, при што 64 не се Шпанци.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Кога се клубовите во прашање најмногу играчи на овој Мундијал дава Манчестер Сити, а потоа следи европскиот шампион Реал Мадрид.
Од земјите кои нема да учествуваат на Мундијалот најмногу играчи играат во Италија 58, а 22 во Турција.
Манчестер Сити во Русија ќе има дури 16 претставници, Реал Мадрид само еден помалку, потоа следуваат Барселона (14), Челзи (12), Тотенхем (12), ПСЖ (12), Баерн (11), Јувентус (11) и Манчестер Јунајтед (11).
Англискиот дрес ќе го бранат играчи од англиски клубови, кај Русите двајца играат надвор од нивната татковина, а кај Саудиска Арабија тројца.
Сенегал и Шведска немаат ниту еден играч од домашното првенство. По еден играч од националната лига имаат Белгија, Исланд, Нигерија и Швајцарија.
Од 736 пријавени играчи 200 од нив веќе одиграле барем еден натпревар на светските првенства.