После завршувањето на натпреварите од минатиот викенд во националните првенства ширум Европа, списокот на сигурни учесници во групната фаза од Лигата на шампионите се „заокружи“ на 20.
Помеѓу клубовите кои веќе обезбедија пласман во Лигата на шампионите претежно се станардните учесници од најсилните пет лиги, но има и неколку клубови кои се враќаат после одредена пауза. Тука најмногу се мисли на Локомотив Москва и Клуб Бриж.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
За сега е познат и еден дебитант кој следната сезона за прв пат ќе настапи во Лигата на шампионите. Станува збор за Хофенхајм кој оваа сезона го освои третото место во германската Бундес лига и така се избори за прво учество во најелитното европско натпреварување во својата историја.
Сигурни учесници во Лигата на шампионите:
Шпанија: Барселона, Атлетико Мадрид, Реал Мадрид, Валенсија
Германија: Баерн Минхен, Шалке, Хофенхајм, Борусија Дортумд
Англија: Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Ливерпул
Италија: Јувентус Наполи Рома
Франција: ПСЖ
Останати: Локомотив Москва (Русија), Порто (Португалија), Шахтјор (Украина), Клуб Бриж (Белгија)