Постојат доста луѓе коуи сметаат дека Мохамед Салах не би можел да игра во Реал Мадрид или некој друг голем клуб.
Репрезентативецот на Египет воодушеви со своите партии во дресот на Ливерпул во тековната сезона, но бившиот играч на „Црвените“, Чарли Адам смета дека Египќанецот не би можел да се снајде во Реал или Барселона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Тешко е да има место било каде за него, каде да замине? Не верувам дека во Реал или Барселона би имал простор и минутажа“, истакна Адам па додаде:
„Тој ќе остане во Ливерпул, кој има квалитет да ја освои титулата, недостигаат уште еден или двајца врвни играчи за да го засилат составот“.
„Црвените“ следниот меч го играат против Манчестер Сити во четвртфиналето во ЛШ, а зборовите на Адам нема да го воодушеват Салах, беројатно ниту добар дел од фановите ширум светот кои го засакаа крилниот фудбалер кој претходно настапуваше за Рома, Челзи, Фиорентина, Базел…
Во оваа сезона, Салах постигна 29 погодоци на 31 натпревар во ПЛ, додека во сите натпреварување постигна 37 погодоци на 42 меча.