Дома Топ вести Кој каде кога пристигнува: Игуаин уште вечерва во Милано! (видео)

Кој каде кога пристигнува: Игуаин уште вечерва во Милано! (видео)

Повеќе нема дилеми, Милан и Јувентус ќе ги разменуваат играчите oва лето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Откако сите италијански медиуми и новинари ја потврдија размената, сега пристигнуваат информации за доаѓањето на играчите во новите клубови.

Гонзало Игуаин кој оди во Милан како позајмен играч уште вечерва ќе допатува во Милан, а утре во Каса Милан ќе ги помине редовните медицински прегледи. Неговиот соиграч, Матија Калдара се наоѓа на турнеата во САД, па стоперот во Милано ќе пристигне утре.

Бонучи кој се враќа во Торино исто така се наоѓа во САД, тој за Торино ќе тргне во 15:00 часот по американско време (околу 21:00 часот) и неговото пристигнување кај поранешните соиграчи се очекува утре.

 

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…