Претседателот на Реал, Флорентино Перез со години наназад доведуваше големо имиња во својот клуб.
Меѓутоа, ниту еден играч не го привлекол првиот човек на Реал како еден играч. Станува збор за фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе, кој според пишувањето на „Марка“, Перез е целосно опседнат. Перез наводно со сите сили се обидува да го доведе Мбапе во Реал.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Реал ќе се обиде да го доведе Мбапе кога ќе влезе во последната година од договорот, а Мбапе е врзан со ПСЖ до јуни 2022. година. Сепак, ПСЖ може да му понуди нов договор на фудбалерот кој на крајот сам ќе одлучи што сака.
Во Реал се надеваат дека Мбапе на крајот ќе се одлучи да дојде во Реал и така да ја оствари најголемата желба на Перез.