Дома Фудбал Кој би рекол? Мората поефикасен од Салах, Лукаку, Фирмино…

Кој би рекол? Мората поефикасен од Салах, Лукаку, Фирмино…

Шпанскиот напаѓач Алваро Мората конечно конечно ја пронајде својата форма и во последно време редовно се запишува во листата на стрелци.

Фудбалерот на Челси зад себе има лоша претходна сезона, а се изнапромашува и на почетокот од оваа. Сепак, се чини дека кризата е минато откако Мората на последните два натпревари за Сините постигна три погодоци.

Мората така стигна до бројката од пет голови во оваа сезона, што не е лошо ако се земе во предвит фактот што на теренот помина само 606 минути.

Иако е често предмет на исмејување, статистиката покажува дека Мората е поефикасен од некои фудбалери за кои јавноста има далеку поголема почит во однос на Мората.

Мората просечно постигнува погодок на секоја 121 минута, што е статистика која ја немаат играчи како Салах, 188 минути, Лукаку 192, а посебно Фирмино кој постигна само два гола за 829 минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бредлов се сомнева во свирежите, Галатасарај му порача на Штутгарт: „Довидување“

По поразот од 2:0 во Истанбул, голманот на Штутгарт се запраша дали целата бучава доаѓала …