Кошаркарот на Партизан, Никола Јанковиќ е позитивен на вирусот Ковид-19, а во изминатиот период имал контакт со повеќе спортисти меѓу кои и големите српски ѕвезди Новак Ѓоковиќ и Никола Јокиќ.
Според нив, Јанковиќ во последно време се чувствувал многу лошо, имал висока температура, па му препорачале да се тестира на Ковид-19.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За жал, тестот бил позитивен па така во следните денови цел тим на Партизан ќе мора да се тестира.
За да биде ситуацијата уште полоша, Јанковиќ заедно со соиграчите присуствувал на големото фудбалско дерби меѓу Партизан и Црвена Звезда, на кое имаше повеќе од 17.000 гледачи, а исто така бил во контакт и со Никола Јокиќ и Новак Ѓоковиќ.