Дома Македонски спорт Мак баскет Кошаркарките ги дознаа противниците во квалификациите за Евробаскетот

Кошаркарките ги дознаа противниците во квалификациите за Евробаскетот

Македонската женска кошаркарска репрезентација ќе игра во групата „А“ во претстојните квалификации за пласман на Евробаскетот во 2023 година.

Противнички на Македонија во групата „А“ ќе бидат репрезентациите на Белгија, Германија и Босна и Херцеговина.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Согласно ситемот за натпреварување, најдобрите десет селекции во групната, квалификациска фаза, како и четирите најдобри кои ќе завршат како второпласирани, ќе обезбедат учество на Евробаскетот.

Kвалификациите ќе се одвиваат во три ФИБА „прозорци“. Првиот е од 11 до 14 ноември, 2021 година. Потоа од 24-27 ноември, 2022 година, а последниот од 24 до 27 февруари 2023 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Вардар и Еурофарм Пелистер во Купот на Македонија може да се сретнат само во финалето

Eкипите на Вардар и Пелистер се избегнаа во полуфиналето од Купот на Македонија и ќе може …