Дома Македонски спорт Мак баскет Кошаркарите стартуваа со пораз: Димитријевиќ доцна проработе, ја плативме цената на лошото прво полувреме (ФОТО)

Кошаркарите стартуваа со пораз: Димитријевиќ доцна проработе, ја плативме цената на лошото прво полувреме (ФОТО)

Македонија денес го одигра првиот натпревар од квалификациите за Евро 2021, а противник во А1 Арената „Борис Трајковски“ ни е селекцијата на Естонија.

Естонците беа тие кои подобро влегоа во натпреварот, ние неколку минути бевме без гол, па тие направија предност од 0:6 на стартот. По малиот грч на стартот нашите кошаркари се вратија и со серија од 5:0 стигнаа на еден разлика 5:6. Потоа повторн оследуваше серија на Естонија која стигна до 5:9. Во продолжение од првата четвртина Естонија стигна и до тој момент највисоки плус 7 (9:16). Сепак, избраниците на Тодоров брзо се вратија па после првите 10 минути игра резултатот гласеше 18:20 во корист на Естонците.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Втората четвртина донесе полоша игра на нашата селекција, па Естонија започна да ја зголемува предноста. Во 14.минтуа Естонија стигна до високи +13. По таа предност на Естонија следуваше тројка на Бојан Крстевски, меѓутоа и гостите возвратија на ист начин на спротивната страна, па имаа водство од 21:34.

Во последните пет минути работите не променија многу Естонија ја зголемуваше предноста и во последните две минути од четвртина влезе со предност од 22:41. На полувреме Естонија замина со предност од 22 поени разлика (23:45).

После лошото прво полувреме второто го започнавме многу подобро. Војдан во првите секунди погоди тројка, а после неполни три минути успеавме разликата од 22 поени да ја намалиме на 15. Во тој момент селекторот на Естонија повика тајм-аут. И после тој-тајм аут Естониците не реализираа два напади, па ние пстигнавме на -11 (39:50). Токму тогаш ги видовме и првите поени на Димитријевиќ после еден соло продор. Неполна минута откако Нено ги постигна првите поени, конечно погоди и тројка, а Естонија во тие моменти имаше 42:53.

По овие најдобри моменти за нас во натпреварот повторно следуваше послаба игра во која после неколку минути постигнавме само еден поен, па во последните минути влеговме со негатива од 13 поени (43:56). Последната четвртина Естонија ја започна 14 поени разлика (46:60).

Последниот период го започнавме агресивно и добро ни одеше, брзо намалиме на -10 (55:65). При резултат 58:68 Шејн Витигтон промаши обид за три. Во следните два напади Естонија промашуваше, но за жал и ние не реализиравме и пропуштивме голема прилика целосно да се вратиме во игра.

Тие минути на крајот се покажаа дека биле шансата. На нешто помалку од три минути Естонија погоди тројка и се врати на 64:77. На крајот Естонија славеше со резултат 72:81.

Најефикасни во нашите редови беа Војдан со 26, Димитријевиќ и Ветингтон постигнаа по 15.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…