Вториот мандат на Диего Коста во Атлетико Мадрид се завршува на неславен начин.
Искусниот напаѓач падна во втор план кај Диего Симеоне, а вчера се појави информација дека побарал раскинување на договорот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Атлетико ќе му овозможи на Коста да си замине, но за фудбалерот ќе има одредени услови. Коста нема да смее да потпише за Реал, Барселона и Севиља. Во случај да замине од Атлетико и потпише за некој од овие три клуба ќе плати казна во износ од 25 милиони евра.
Постои и уште еден услов. Коста ќе плати казна од пет милиони евра ако потпише за некој клуб кој игра во нокаут фазата од Лигата на шампионите.
Од друга страна ако го испочитува договорот и остане во Атлетико во преостанатите шест месеци од договорот клубот ќе му исплати 3.2 милиони евра.