Диего Коста од вчера и официјално повеќе не е фудбалер на Атлетико Мадрид.
Коста и Атлетико постигнаа договор за крај на соработката и шпанскиот напаѓач со бразилски корени ќе пронајде нов клуб.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„И тажен сум и среќен. Се простувам од навивачите на Атлетико. Тажно е што не останав дел од ова семејство, но и среќен што бев дел од овој голем клуб. Тука поминав и тешки моменти од кои се издигнував благодарение на луѓето во клубот. Среќен сум што успеав да влезам во историјата и да дадам придонесе за овој клуб. Сакам да се заблагодарам на сите Атлетикоси, но мислам дека дојде време клубот и јас да се разделиме. Верувам дека тоа е најдоброто за двете страни. Давав се од себе или барам секогаш се трудев да давам се од себе“.
„Им благодарам на навивачите, тие се посебни. Сонував дека некогаш ќе го извикувате моето име и на крај го доживеав тоа. Сега со голем ентузијазам, сила и желба тргнувам во новиот предизвик“, порача Коста.
Во овој момент не е познато каде Коста ќе ја продолжи кариерата, но се поврзуваше со клубови од Премиер лигата.