Дома Видео Косовски фудбалер ги провоцираше Србите во Романија, па повика и други да го направат истото 🎥

Косовски фудбалер ги провоцираше Србите во Романија, па повика и други да го направат истото 🎥

Aлбион Рахмани, 23-годишниот напаѓач на Рапид е хит играч сезонава во романското првенство.

Во првите четири кола Рахмани постигна дури шест гола и двапати асистираше. Посебно беше расположен во последното коло во победата против Клуж, постигнувајќи два гола.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Прво го отвори резултатот во петтата минута, а потоа во 51. минута со одлична реакција донесе ново водство за својата екипа.

По постигнувањето на вториот гол тој одлучи да го прослави така што ги крена рацете и покажа знак на орел, симбол кој на терените се сфаќа како провокација за Србите, посебно ако доаѓа од страна на косовски фудбалер.

Исто така овој негов потег доаѓа откако неодамна на натпреварот помеѓу Романија и Косово се појави транспарент, „Косово е Србија“, а имаше и такво скандирање во текот на средбата.

„Јас сум од Косово и имам албанска крв. Ќе славам со знак на орел кога и да е тоа можно, сакам да ги охрабрам сите Албанци да го прават истото“, изјави Рахмани по натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…