Фудбалскиот сојуз на Косово објави дека ќе го тужи селекторот на Србија Драган Стојковиќ-Пикси, а причина се неговите коментари во текот на натпреварот.
Освен тоа од Косово побараа Светската фудбалска федерација (ФИФА) детално да го истражи натпреварот помеѓу Србија и Швајцарија.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Транспарентите со политички пораки и расистички пораки кон Албанците се слушаа во текот на целиот меч. Бесмислена и апсурнда е омрата која со години трае кон албанскиот народ од нашата соседна држава.
Сакаме ФИФА да го истражи случајот и да го сакнционира Фудбалскиот сојуз на Србија“, стои во соопштението.
BREAKING: FFK have submitted a complaint to FIFA for the racist insults and calls of the serbian coach and serbian fans towards the Albanians during @FIFAWorldCup match between Switzerland and Serbia.
— Kosovan Football 🇽🇰 (@kosovanfooty_EN) December 4, 2022
https://t.co/LGs8SJdfvF