Барселона денес објави дека со коронавирусот се зразени Осман Дембеле, Самуел Умтити и Гави.
Претходно оваа нeдела позитивни на тестирањето беа Жорди Алба, Клемент Ленгле, Дани Алвес и Алејандро Балде, па Барселона сега има седум заразени. Се очекува во следните неколку дена да се појават и уште некои позитивни.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Барселона својот следен натпревар треба да го игра на 2. јануари против Мајорка, а Чави ќе има големи проблеми за овој натпревар да го собере тимот.
Во овој момент ситуацијата е таква што од сениорскиот тим Чави на располагање има само 12 играчи, а од нив тројца се голмани. Ова значи дека Барселона нема доволно играчи за првите 11.
Играчите кои се на располагање на Чави во овој момент се: Тер Штеген, Нето, Инаки Пења, Дест, Пике, Араухо, Мингуеза, Ерик Гарсија, Рики Пуиг, Кутињо, Френки Де Јонг и Лук Де Јонг.