Дома Фудбал Коронавирусот прави проблеми во Англија: ФА воведува нови правила

Коронавирусот прави проблеми во Англија: ФА воведува нови правила

ФА соопшти дека после последното тестирање осум лица се позитивни на коронавирус.

Во прашање се директни учесници во ПЛ оваа сезона, а имињата не се познати.

После ова тестирање ФА ќе бара ригорозни мерки до крајот на сезоната.

Играчите ќе бидат казнувани ако не држат физичка дистанца кога ќе прославуваат погодок. ФА одлучи директно да се казнуваат играчите, не клубот.

Направени се 2.528 тестови на фудбалери и членови на екипата, а сите позитивни и оние кои биле во контакт се наоѓаат во самоизолација.

Новите тестови ФА ги закажа за 10. февруари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Италија чека петчлена група за ЕП 2028: Познато е кои ривали ќе ги избегне

„Аѕурите“ ќе бидат носители на ждрепката во Белфаст на 6 декември, а квалификацискиот пат …