Дома Фудбал Останато Копа Америка: Дали Меси ќе ја искористи последната шанса или повторно ќе ја разочара нацијата?

Копа Америка: Дали Меси ќе ја искористи последната шанса или повторно ќе ја разочара нацијата?

Вечер во 21:00 е закажан вториот ¼ финален натпревар од Копа Америка во кој силата ќе а мерат селекциите на Венецуела и Аргентина.

За Венецуела и ова е голем успех

Кога се ќе се собере и одземе, сите фанови на Венецуела можат да бидат повеќе од задоволни од тоа како нивната селекција се покажа на Копа Америка. Имено, во ниту малку лесна конкуренција, Венецуела дојде до нокаут фазата, бидејќи беа во група со Бразил и Перу кои имаат доста квалитет во своите редови. Во првото коло изиграа доста тврд натпревар и ремизираа со Перу, па тој натпревар заврши без голови. Потоа повторно успеаа да извлечат бод и тоа од домаќинот и фаворитот за титула Бразил. ВО последното коло без поголеми проблеми славеа на дуелот против Боливија и тоа беше доволно за пласман во ¼ финалето на овој турнир.

Последна шанса за Лео Меси


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Сите се сеќавате на минатогодишното издание на Мундијалот во Русија кога Аргентинците едвај успеаа да стигнат до пласман во нокаут фазата, а секога и да останат без титула. На крајот со победа над Нигерија изборија пласман меѓу 16-те најдобри селекции на светот, но потоа веќе не ја поминаа првата препрека, а тоа беше Франција. Во овој турнир, Аргентина прво беше поразена од Колумбија, а во другото коло се прикажаа во едно бледо издание каде што ремизираа против Паргвај. Единствено што успеаа е да слават против Катар и да се пласираат во нокаут фазата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фудбалерите на Кадиз избегнале голема трагедија!

Фудбалерите на Кадиз избегнале трагедија, експлодирал едниот моторот на авионот со кој лен…