Дома Трансфер зона Конте ја сака ѕвездата на Интер, спреми 50 милиони

Конте ја сака ѕвездата на Интер, спреми 50 милиони

Антонио Конте неодамна имаше состанок со претседателот на Тотенхем, Даниел Леви и му беа ветени неколку засилувања на лето.

Најголема желба на Конте е дефанзивецот на Интер, Бастони, бидејќи сака да ја засили одбраната.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Бастони има договор до 2024 година, но е еден од најмалку платените фудбалери во тимот, а нема најави за продолжување на соработката.

Тотенхем му нуди 4-годишен договор и плата од 6,5 милиони евра, а е спремен да понуди 50 милиони евра за неговиот потпис.

Останува да видиме како ќе реагира Интер на оваа понуда, но интенцијата на „нероаѕурите“ е да ја задржат својата ѕвезда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи го купува најголемиот аргентински талент

Челзи е силно заинтересиран за новиот аргентински „бисер“ и сака да ја победи конкуренција…