Доаѓањето на Антонио Конте по разочарувачката сезона го означи почетокот на „новиот“ Наполи кој ова лето ќе направи значителни промени во тимот.
Приоритет за искусниот италијански стратег е одбраната која не функционираше како што треба во изминатата сезона во кој тимот заврши на средината на табелата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Италијанските медиуми на големо пишуваат дека е постигнат договор со Торино за продажба на капитенот Алесандро Бонџорно за сума од 40.000.000 евра.
Италијанскиот репрезентативец на маса имаше понуда од Јувентус, која е финансиски подобра не само за него, туку и за Торино, но наводно Бонџорно не сакал да направи трансфер во градскиот ривал.
Исто така Наполи е блиску до договор и со Рафа Марин кој минатата сезона од Реал настапуваше како позајмен фудбалер во Алавес.
Меѓу желбите на Конте се и Марио Ермосо, кој остана без клуб по завршувањето на договорот со Атлетико, како и Леонардо Спинакола, кој во моментов е без ангажман откако си замина од Рома.