Менаџерот на Челзи, Антонио Конте одговори на шпекулациите и изјави дека има намера до крај да го одработи договорот со клубот од „Стенфорд Бриџ“.
Во последните денови често се шпекулира дека Конте на крајот на сезоната ќе се врати во Италија, но тој потврди дека ќе остане во Челзи до крајот на договорот, кој му истекува за 18 месеци.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Од почетокот на сезоната има многу шпекулации за мојата иднина. Единствено што можам да ви кажам е дека имам уште 18 месеци договор со Чези и планирам да го одработам до крај. Мојата намера е да останам до последниот ден од договорот. Мислам дека и желбата на клубот е да ја продолжиме работата која ја започнавме“, изјави Конте.
Италијанецот притоа откри дека Алваро Мората се уште е повреден и нема да игра против Ватфорд, па можно е Оливие Жиру да биде во стартниот состав.