Дома Фудбал Италија Конте: Скудетото го посветувам на самиот себе

Конте: Скудетото го посветувам на самиот себе

Интер после 10 години ја прекина доминацијата на Јувентус во Серија А и стигна до Скудетото.

Еден од најзаслужните што Интер го оствари овој успех е тренерот на „нероаѕурите“, Антонио Конте.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанскиот стратег одлично го водеше Интер во текот на сезоната, а сега наводно бара од управата да му обезбедат тим кој ќе биде конкурентен во Европа.

Во последното коло Интер вчера го разби Удинезе со убедливи 5:1.

„Мислам дека ова беше убава завршница на една фантастична година. Игравме одлично, никој не се штедеше. Да се видат навивачи, па и во ваква ограничена бројка е прекрасно. Многу сме среќни што им дадовме на навивачите нешто прекрасно кое го чекаа долго време“.

„Дефинитивно на ова гледам како посебно остварување. Не беше лесно. Си ставив голем притисок на себе кога дојдов во клубот. Последните девет години се гледаше само Јувентус. Скудетото го посветувам на самиот себе затоа што знам колку ми беше тешко во овие две години и верувам дека го заслужив“, изјави Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…