Дома Фудбал Англија Конте: Сега е моментот да го осигураме местото во ЛШ!

Конте: Сега е моментот да го осигураме местото во ЛШ!

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте имаше само пофални зборови за Манчестер Сити и истакна дека тешко се наоѓаат „слаби“ точки во тимот на „граѓаните“.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


„Сметам дека треба да му оддадеме признание на Манчестер Сити за тоа што го прави оваа сезона, едноставно се фантастични. Многу е тешко да најдеш слабости во овој тим. Играат фантастично, а и односите помеѓу раководството и менаџерот се одлични. Тоа дава слобода да работиш добро“, изјви Конте.

„Сините“ имаат потреба од бодови во битката за место кое води во Лигата на шампионите, а Конте смета дека токму сега е моментот неговиот тим да го осигура местото во ЛШ.

„За нас ова е моментот во кој треба да се обидеме да го осигураме местото во ЛШ, но тоа не е воопшто лесно. Има многу силни тимови, треба да бидеме спремни за жестока битка. Треба да ги најдеме слабите точки на противникот, а тите се многу малку. Треба да имаме баланс за да победиме во овој меч“, смета Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сака е херојот, Арсенал по 20 години ќе игра финале во Лигата на шампионите! (Видео)

Фудбалерите на Арсенал конечно по две децении обезбедија место во финалето на Лигата на ша…