Дома Фудбал Италија Конте после победата повторно се пожали и побара засилувања

Конте после победата повторно се пожали и побара засилувања

Интер синоќа со победата над Бреша се искачи за момент на врвот на табелата и јасно е дека „нероаѕурите“ до крај ќе се борат со Јувентус за Скудетото.

Меѓутоа, и покрај добрите резултати тренерот Конте не е задоволен и уште еднаш побара засилувања во зимскиот преоде рок.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Станува тешко да се зборува за натпреварите зошто постојано играат истите играчи. Ова ни беше четврт натпревар во девет дена со истите играчи. Било која ситуација или резултат е прифатлив во тој момент. Се што може е да им се заблагодариме на духот и издржливоста. Ни следат седум натпревари за 20 дена пред да се одмориме“, изјави Конте.

„Интер треба да се обиде да го подобри составот на зимскиот трансфер прозорец за да имам повеќе избор. Ако сакаме да направи нешто навистина големо, тогаш не треба да бидеме „задоени“ со победите и да мислиме дека се е лесно за тимот. Ромелу и Лаутаро играат скоро на секој натпревар. Да, тие се добри, но постои опасност некој да се повреди со таков распоред. Овие мисли ме прогонуваат“, додаде трофејниот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…