Напаѓачот на Наполи, Фернандо Љоренте може да ја продолжи кариерата во Интер, пренесува „Тутоспорт“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Конте е во потрага по напаѓач кој ќе биде резерва на Ромелу Лукаку, а Конте смета дека Љоренте е идеално решение.
35-годишниот Шпанец е на излезна врата и Интер може да го донесе како слободен агент.
Првата мета на „нероаѕурите“ е Оливие Жиру, но Французинот чини многу повеќе, па поради тоа ќе се насочат кон Љоренте.
Минатата сезона Љоренте одигра 24 меча во сите натпреварувања за Наполи на кои постигна четири гола.