Дома Топ вести Конте не се откажува: Го сака Канте по секоја цена

Конте не се откажува: Го сака Канте по секоја цена

Антонио Конте е во потрага по засилување за Интер за наредната сезона, а денес италијанските меидуми пишуваат дека желба на Италијанецот Нголо Канте од Челзи.

Италијанците пишуваат дека иднината на Канте во Челзи е неизвесна па може да биде продаден. Конте според информациите е воодушевен од квалитетите на Французинот кој одлично го познава затоа што двајцата соработуваа на „Стенфорд Бриџ“.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Газета дело Спорт“ пренесува дека Канте е примарна цел на Интер и поради тоа „нероаѕурите“ се откажале од Тонали.

Се шпекулира дека Челзи би го продал ова лето, но за неговата слобода бара 70 милиони евра.

Интер е спремен да понуди 60 милиони евра за Французинот, а за таа цел е спремен да го „жртвува“ Брозовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Тонали е примарна трансфер цел на Јувентус

Најголема желба на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде италијанскиот репрезентативец С…