Медиумите веќе подолго време шпекулираат дека Конте ќе добие отказ од кормилото на Челзи, а некои дури тврдеа дека нема да го дочека двомечот со Барселона во ЛШ.
Меѓутоа, иднината на италијанскиот тренер и понатаму е неизвесна. Конте сигурно ќе остане на кормилото на „сините“ до крајот на сезоната, но медиумите тврдат дека од следната сезона Челзи ќе има нов тренер.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Мојата намера е да останам во клубот, имам договор до 2019 година. Меѓутоа, се може да се промени, мојот куфер е спремен“, изјави Конте.
Англиските медиуми тврдат дека Роман Абрамович веќе го избрал новиот тренер, а тоа ќе биде екс тренерот на Барселона, Луис Енрике.