Дома Фудбал Италија Конте: Кога ќе погледнете подобро ќе видите дека Лукаку и не го плативме многу

Конте: Кога ќе погледнете подобро ќе видите дека Лукаку и не го плативме многу

Интер вчера во својот прв натпревар во Серија А на „Џузепе Меаца“ го совлада Лече со високи 4:0.

Екипата на Антонио Конте прикажа одлична игра, а веднаш на дебито за Интер гол постигна Ромелу Лукаку кој пристигна ова лето како големо засилување.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Интер после завршувањето на натпреварот зборуваше за својата екипа, па го спомена и Лукаку.

„Лукаку во светот на Интер влезе на најдобар можен начин. Тој е нежен ѕвер кој секогаш има насмевка на лицето. Спремен е да работи за тимот и да се стави на располагање на соиграчите. Исто така сакам да нагласам дека Лаутаро Мартинез играше исто така добро и ги заслужвуа сите пофалби. Не треба да заборавиме дека Лукаку го плативме 65 милиони евра за да го имаме во наредните пет години, па кога ќе погледнеме и не е така многу. Вечерва Лукаку покажа зошто толку сакавме да го доведеме“.

„Беше тоа само прв натпревар, па можеме да славиме до полноќ, но од 00:01 мораме да почнеме да размислуваме за натпреварот со Каљари“, изјави Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…