Интер вчера стигна до голема победа со пресврт против Милан во градското дерби (4:2).
Во ноември 1949 година кога се играше еден поинаков фудбал Интер го победи Милан со 6:5, тоа е единственото дерби на Милано во кое „нероаѕурите“ се вратија после два гола заостанување. Поточно беше единственото се до вчера.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Конте после натпреварот со големи пофалби зборуваше за своите фудбалери.
„Посебна вечер. Во првото полувреме се мачевме, можеби најмногу оваа сезона. Во продолжение сфативме што треба да се поправи. Верувавме во тоа што го работиме. Капа доле на момците. Не е само резултетот, многу сум задоволен на тоа како реагиравме на сите тие удари кои го добивме. Тоа значи дека овие момци се спремни за нешто големо“.
Конте не го кажа тоа, но сите знаат дека мислеше на Скудетото.
„Се уште е рано да зборуваме за тоа, но сега можеме да сонуваме за такво нешто. Дозволено е да сонуваме. Пред нас е важен период, после кој работите ќе бидат појасно. Не можеме преку ноќ да постигнеме успех, мораме да одиме чекор по чекор“.
Интер веќе следниот викенд го чека дербито во Рим против Лацио кој само бод за водечкиот тандем. Пред тоа играат полуфинале во купто со Наполи, па Лудогрец во Лига, Европа, Сампдорија, повторно натпревар со Бугарите и на 1. март големото дерби против Јувентус.