Дома Фудбал Англија Конте искрен: Нема тим кој може да го запре Сити!

Конте искрен: Нема тим кој може да го запре Сити!

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте призна дека Манчестер Сити е апсолутен фаворит за титулата во Премиер лигата оваа сезона и не гледа тим кој е способен да ги запре „граѓаните“.

Италијанецот призна дека неговиот тим не е способен да ја анулира разликата од 11 бода, иако синоќа лесно триумфираше над Хадерсфилд.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ние се наоѓаме во добра позиција, но во моментов има тим кој е невозможно да биде запрен. Во спротивен случај ние ќе се боревме за титулата заедно со Манчестер Јунајтед, Арсенал, Тотенхем и Ливерпул. Тоа не значи дека нема да се обидеме да го стигнеме Сити, но треба да победуваме на сите натпревари и да чекаме на нивна голема црна серија“, искрен беше Конте.

„Многу сум задоволен од трите бода против Хадерсфилд. Не заборавајте дека тие го победија Јунајтед и му создадоа големи проблеми на Сити. Единственото нешто кое не ми се допаѓа е примениот гол“, додаде Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Газдата на ПСЖ се налути: Дали вие разбирате малку фудбал?!

Пари Сен Жермен е елиминиран од Лигата на Шампионите по поразот со 1:0 од Борусија Дортмун…