Дома Фудбал Италија Конте: Интер ме донесе да го вратам клубот каде што заслужува

Конте: Интер ме донесе да го вратам клубот каде што заслужува

Tренерот на Интер, Антонио Конте порачува дека е посветен на клубот, но додава дека ќе си замине ако луѓето во клубот се незадоволни од неговата работа.

Конте дојде во Интер на стартот на тековната сезона, а веќе се појавија гласини дека би можел да замине иако „нероаѕурите“ се втори на табелата со осум бодови заостанување зад лидерот Јувентус.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Интер дојде и ме повика на проект долг три години, да ги вратам онаму каде што заслужуваат, а за тоа потребно е време. Дојдов овде со многу ентузијавам и имам верба. Договорот ми важи три години. Јас сум среќен, знам дека патот е долг, но ако сите се задоволни со мојата работа и мислам дека тоа е случај до сега не гледам зошто не би го продолжиле договорот. Ако не се задоволни тогаш ќе се тргнам на страна“, изјави Конте.

Конте претходно го водеше Челзи, репрезентацијата на Италија, увентус, Сиена, Аталанта, Бари и Арезо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Капело избра четири фудбалски генијалци: „Кристијано не е тоа“

ФАБИО КАПЕЛО, легендарниот италијански тренер, на доделувањето на наградата Лауреус зборув…