Челзи продолжи со импресивната серија и со победата над Тотенхем остана на првото место на табелата во Премиер лигата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тимот на Конте ја запиша седмата последователна победа, но италијанскиот стратег смета дека е премногу рано да се зборува за титулата.
„Челзи веќе не е оној тим, кој претрпе пораз од Ливерпул и Арсенал на почетокот на сезоната. Сретнавме сериозно искушение против Тотенхем и тие почнаа подобро од нас. Успеаја да постигнат извонреден гол, но ми се допадна како ние реагиравме на него“, истакна Конте.
„Ние се променивме и ја сум задоволен од тимот како целина. Работиме многу и уживаме поради резултатите и од сработеното на теренот. Да зборуваме за титулата е премногу рано, првенството е многу тешко. Во Англија има шест или седум екипи кои можат да го добијат првенството“, заклучи италијанскиот статег.