Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте откри дека вчерашниот состанок помеѓу менаџерите и раководството на Премиер лигата не бил продуктивен.
На состанокот требаше да се разговара за проблемите со многуте заразени фудбалери и густиот распоред, но Италијанецот вели дека тоа било само губење време.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Тоа беше само губење време. Ние менаџерите се обидовме да зборуваме и да бараме решение за некои проблеми, но се беше решено пред време. Тоа е како да застанеш пред ѕид, можеш да зборуваш колку сакаш, нема ништо да се реши“, изјави Конте.
Два натпревари на Тотенхем веќе беа одложени, а сега им претстојат четири натпревари во 11 дена.