Дома Фудбал Италија Конте: Еден ден ќе бидам тренер на Рома

Конте: Еден ден ќе бидам тренер на Рома

Италијанскиот тренер Антонио Конте е на мета на многу клубови и се очекува на тренерската работа да се врати ова лето.

Конте веќе една година е на одмор, откако доби отказ во Челзи минатото лето, италијанскиот стратег се уште е под договор со „сините“ бидејќи не можеа да се добоворат за оштетата која требаше да ја доби после отказот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Меѓутоа, Конте и самиот најави дека ова лето ќе се врати на тренерската работа и дека доволно одмарал. Поранешниот селектор на Италија се поврзува со многу клубови, а во последно време најмногу со Рома.

Рома дури и имаше неколку разговори со Конте, но италијанските медиуми тврдат дека договор се уште нема. Сега Конте за „Газета дело Спорт“ изјави дека еден ден ќе ја води Рома.

„Имам неколку понуди и важно ми е клубовите кои ме сакаат да го знаат мојот начин на работа и фудбалот кој го преферирам. Се заљубив во Рим додека бев селектор и често бев на „Олимпико“. Тој стадион има неверојатна атмосфера, но во овој момент помеѓу мене и Рома навистина нема ништо. Но, верувам дека еден ден ќе ја тренирам Рома, но тој ден се уште не е дојден“, изјави Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Готово: Покетино повеќе не е тренер на Челзи

Маурисио Покетино повеќе не е менаџер на Челзи, пренесе доброинформираниот новинар Фабрици…