Дома Трансфер зона Конте го избра Мората пред Обамејанг!

Конте го избра Мората пред Обамејанг!

Англискиот шампион Челзи по секоја цена сака ова лето да доведе врвен напаѓач, особено поради фактот што Диего Коста сигурно го напушта „Стенфорд Бриџ“.

Иако се очекуваше нов напаѓач на „сините“ да биде Ромелу Лукаку, сепак Белгиецот заврши на „Олд Трафорд“, па Челзи мора да се сврти кон други мети.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот шампион месец дена пред стартот на првенството се обидува да ангажира врвен напаѓач, а првата желба на менаџерот Антонио Конте е играчот на Реал Мадрид, Алваро Мората.

Желбата да се донесе Мората е толку силна, што Конте го одбил трансферот на ѕвездата на Борусија Дортмунд, Пјер Емерик Обамејнаг. Имено, Африканецот му бил понуден на Челзи, но „сините“ се одлучиле да ги „фрлат сите карти“ на Мората.

Челзи е спремен да шпанскиот напаѓач да понуди 80 милиони евра, а медиумите пренесуваат дека доколку не успеат во намерата да го донесат Мората, алтернатива е напаѓачот на Торино, Андреа Белоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн во Милан го најде наследникот на Ноер

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голм…