Интер е во потрага по засилување во нападот.
„Нероаѕурите“ во јануари ќе се обидат да доведат еден напаѓач кој ќе му помогне на Лукаку, Лаутаро и Алексис Санчез кој неодамна се повреди и нема да се врати на теренот до наредната година.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Се споменуваше Златан Ибрахимовиќ кој би можел да се врати во клубот како краткорочно решение, а сега се појави уште една опција.
Имено Интер според она што се пишува во италијанските медиуми е заинтересиран за напаѓачот на Зенит, Артем Џуба.
На овој 31 годишен напаѓач договорот со рускиот шампион истекува на крајот на сезоната и токму тука рускиот шампион ја гледа шансата.
Џуба својата кариера ја оживеа со настапите во дресот на Арсенал од Тула. Тој поради силната конкуренција во нападот на Зенит во сезоната 2017/2018 поточно во втората половина премина на позајмица каде што на 10 натпревари постигна шест гола.
После враќањето во Зенит играше одлично минатата сезона, а така продолжи и во оваа.