Дома Фудбал Консеисао: Ќе му направиме проблеми на Јувентус

Консеисао: Ќе му направиме проблеми на Јувентус

Тренерот на Порто, Серџо Консеисао верува дека неговиот тим може да му создаде проблеми на Јувентус во осминафиналето од Лигата на шампиони.

„Ќе му создадеме проблеми на Јувентус, тоа е нашата ДНК. Имаме победнички менталитет независно против кого играме. Работите можат да се променат за време на мечот, но ние одиме на победа“, изјави Консеисао, кој потоа даде коментар за Кристиано Роналдо.

„Кристиано може да го реши секој меч во секој момент, бидејќи е неверојатен фудбалер. Нема сомнеж дека е најдобар во светот. Треба да бидеме компактни, солидни и сплотени, бидејќи Јувентус има и други големи фудбалери“, изјави Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Звезда по 13 години на „Омладински“: ОФК Београд пет кола чека победа

Лидерот во српската Суперлига гостува кај ОФК Београд во недела од 16 часот, со директен п…