Одлуката Бепе Марота да го напушти Торино кон крајот на 2018 година одекна на Апенините.
Италијанецот беше еден од симболите на враќањето на Јувентус на победничките патеки и со Андреа Ањели соработуваше цели осум години.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Марота го напушти Јувентус на полусезоната и набрзо се пресели во таборот на лутиот ривал на „старата дама“, милански Интер.
„Беше време за промени со мене пристигнаа и менаџери кои беа спремни да превземат поголема одговорност и самата компанија одреди генерална промена на крусот на работење. Меѓутоа мислам дека таа промена би можела да оди во подобра насока“.
„Ќе го цитирам Нелсон Мендела: „Во животот никогаш не губите. Или победувате или учите“. Во мојот случај, додека една врата се затвори, друга се отвори“, изјави Марота за италијанското радио „Секоло“.