Данскиот играч за врска, Кристијан Ериксен ќе го напушти Тотенхем уште во јануари.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Овој 27-годишен фудбалер до крајот на сезоната има договор со лондонскиот тим, но крајот од оваа сезона нема да го дочека во овој тим. Тотенхем одлучи да го продаде во јануари за да заработи пари, а Ериксен веќе го одбра новиот клуб. Тоа е Реал Мадрид. Преговорите за трансферот се започнати и Ериксен би требало да стане нов член на „Кралевите“ од јануари.
Тотенхем за овој трансфер би требало да заработи помеѓу 20 и 25 милиони евра, што е многу помала цифра од онаа која изминатите сезони ја бараа за него. Претседателот на Тотенхем во еден момент постави и цена од неверојанти 250 милиони евра за него. Ериксен од 2013. година е член на Тотенхем, а претходно го носеше дресот на Ајакс.