Дома Топ вести КОНЕЧНО: Касиљас за првпат откри што се случувало помеѓу него и Мурињо во Реал!

КОНЕЧНО: Касиљас за првпат откри што се случувало помеѓу него и Мурињо во Реал!

Икер Касиљас минатото лето одлучи да ја заврши кариерата, а сега ја отвори душата и откри зошто летото 2015 година го напушти Реал Мадрид.

Касиљас израсна во кралскиот клуб дебитираше уште во 1999 година и многумина беа сигурни дека во Мадрид ќе ја заврши кариерата. Сепак, во 2015 година Касиљас се одлучи да премине во Порто со што ја изненади фудбалската јавност.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


За Касиљас се тргна на лошо кога Мурињо беше избран за тренер на Реал летото 2010 година. Португалецот пристигна после триплетата со Интер и се очекуваше да ја запре доминацијата на Барселона и да го врати Реал Мадрид на врвот. Меѓутоа Мурињо со Реал немаше некои големи резултати, во првиот натпревар против Барселона доживеа пораз од 5:0 и уште тогаш почна да ја губи контролата.

„Во тие години имаше неверојатна тензија во „Ел Класико“. Барселона доминираше и ние сакавме да ја запреме на сите начини. Сепак имаше моменти кога претерувавме, посебно ми пречеше кога Мурињо го боцна во око Тито Виланова, тоа се работи кои тренерите не смеат да си ги дозволат“.

„После „Ел Класико“ игравме со Леванте. Бевме во соблекувалната и тој зборуваше како треба да бидам отворен и искрен. Му кажав дека не е професионално еден тренер да боцне во око друг. Тој се налути, некој од ПР службата не смируваше и му беше криво што тоа му го кажав. Во сезоната 2012/2013 односите се влошија. Лошо игравме, а тој цело време ми зборуваше дека јас не сум во форма, тоа и беше вистина“.

„Некако се започна околу Нова година кога беа кажани некои работи. Зошто не се бранев? Па што требаше се да претворам во циркус? Можеби требаше лично да разговарам со него во што е проблемот. Но, тогаш ме обвини дека јас сум „кртот“ и дека на новинарите им кажувам што се случува во соблекувалната, тоа беше лага. Од тој момент не зборувавме и јас станав жртва затоа што молчев и не сакав јавно да зборувам. Еден ден видов група навивачи на Реал и тие почнаа да ми зборуваат дека сум виновник и предавник, сфатив за што се работи. Ете, конечно кажав што се случуваше и не се сомневам дека Жозе ќе се огласи“, изјави Касиљас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Онана му подари гол на Плзен, но Јунајтед победи

Манчестер Јунајтед ја забележа својата трета победа во Лига Европа откако направи пресврт …