Дома Тенис Конечно добри вести за Ѓоковиќ од Австралија

Конечно добри вести за Ѓоковиќ од Австралија

Новак Ѓоковиќ во неделата, го загуби спорото со Владата на Австралија, по што беше депортиран од земјата.

Судот на Ѓоковиќ му ја укина визата, го депортираше и му изрече тригодишна забрана за влез во Австралија и му наложи да ги плати судските трошоци.

Медиумите во земјата сега откриваат дека тениската федерација на Австралија која е организатор на првиот гран слем турнир, ќе ги плати судските трошоци на Ѓоковиќ.

„Најважната работа што луѓето не ја знаат е дека Тениската федерација на Австралија ќе ги плати овие трошоци, а не Новак. А бидејќи државата и дава пари на Тениската федерација за организација на Австралија Опен, тоа значи дека на крајот трошоците за судскиот спор ќе ги платат даночните обврзници во Австралија, односно граѓаните“,тврди „Дејли Мејл Австралија“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Осум поени за победнички крај: Ѓорческа ја елиминира третата носителка во Истанбул

Лина Ѓорческа ја совлада Берфу Ченгиз со 3:6, 7:6(1), 6:4 и ја прекина серијата од четири …