Дома Македонски спорт Мак фудбал Конечно: Вардар започна со подготовки за вториот дел од сезоната

Конечно: Вардар започна со подготовки за вториот дел од сезоната

Најтрофејниот македонски клуб Вардар конечно ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Црвено-црните“ денес под водство на Бобан Грнчаров почнаа со тренинзите иако се уште во недефиниран состав затоа што неколку фудбалери го напуштија клубот во овој преоден рок, дел од нив се преселија и во ривали во борбата за враќање во ПМФЛ.

На паузата Вардар е второпласиран со само еден бод за Гостивар, но ситуацијата во вториот дел ќе биде и тоа како тешка за вардарци.

Амбициите за враќање во првата лига се уште се тука, но јасно е дека по заминувањето на фудбалерите ќе мора да се донесат нивни замени за таа цел. Во наредниот период Вардар ќе одигра три подготвителни натпревари против Тетекс (04.02), Скопје (08.02) и Работнички (11.02).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …