Дома Фудбал Англија Компани со голот на кариерата го доведе Сити на чекор од одбрана на титулата (ВИДЕО)

Компани со голот на кариерата го доведе Сити на чекор од одбрана на титулата (ВИДЕО)

Манчестер Сити во натпреварот на сезоната го пречека Лестер и на „Итихад“ славеше со 1:0 и се најде на чекор од одбрана на титулата во Премиер лигата.

Сити во последниот натпревар од претпоследното коло во Премиер лига против Лестер тешко стигна до победата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Гостите играа храбро и отворено, иако во главно мораа да се бранат и да го чуваат својот. Меѓутоа Винстент Компани со најубавиот и најважниот гол во својата кариера во 70-тата минута донесе важна победа за бранителот на трофејот.

Во финишот на натпреварот за момент им застана здивот на сите на „Итихад“. Ихеначо имаше 100% прилика да го совлада Едерсон, но шутираше катастрофално.

„Граѓаните“ сега имаат 95 бодови и еден бод повеќе од Ливерпул, а до крајот има само уште едно коло. Следниот викенд Сити гостува кај Брајтон, додека Ливерпул ќе го пречека Вулверхемптон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Урнебесно: Карагер пијан го интервјуираше Санчо 🎥

Фудбалерите на Борусија Дортмунд синоќа на домашен терен на „Сигнал Идуна Парк“ го совлада…