Дома Фудбал Компани: Ван Дајк е најдобриот дефанзивец во историјата на Премиер лигата

Компани: Ван Дајк е најдобриот дефанзивец во историјата на Премиер лигата

Поранешниот капитен на Манчестер Сити, Винсент Компани, за кого пред неколку дена се играше опроштален натпревар на „Етихад“ за медиумите го откри најдобирот дефанзивец во историјата на Премиер лигата.

Белгиецот изјави дека играчот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк, кој што беше избран за најдобар играч според УЕФА за минатата сезона е најдобар дефанзивец во историјата на Премиер лигата.

„Сум играл со многу централни дефанзивци кои ме импресионирале. Но, јас би го избрал Вирџил Ван Дајк. Се уште не е на врвот толку години како Тери или Фердинанд, но последниве неколку сезони покажа дека игра на највисоко ниво. Да се биде добар стопер значи да го правиш тимот многу постабилен. Ливерпул е сосема поразичен тим пред и по Ван Дајк“, изјави Комапни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спалети го лоцира проблемот на Јувентус: Десет минути играме добро, па се губиме

Јувентус двапати се враќаше против Фиорентина за реми 2-2, а Спалети предупреди на недости…